Закројување на лозјата во општина Илинден во чест на Св. Трифун

По повод верскиот празник Св. Трифун, во организација на црковниот одбор на црквата „Свети Трифун“, денеска во село Ајватовци во Општина Илинден, ќе се одржи традиционалното закројување на лозјата.

Симболичното закројување на лозовите насади ќе почне со Божествена литургија во црквата „Свети Трифун“, што ќе ја одржат свештеници од Македонската православна црква.

Во рамки на одбележувањето на празникот на лозарите во Општина Илинден, веќе втора година по ред, ќе се изврши и избор на најдобро произведено домашно вино. Изборот ќе го извршат членовите на здружението што се грижи за промоција на македонското вино и на македонската култура - „Вински витези“. 

Празникот Свети Трифун, кој се смета за заштитник на лозјата, има голема традиција во православното празнување. Манифестацијата на симболично закројување на лозјата во  Ајватовци, според постарите жители од ова населено место, е наследена од нивните татковци и дедовци и влече корени во далечното минато. 

 

 

Оцени ја веста

14.02.2015 - 10:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега