Сончево со слаб ветер

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево, наутро со ниски температури, а преку денот со слаб југоисточен ветер.

Утринската температура се движи од -8 до -1 Целзиусови степен, додека дневната ќе изнесува од 5 до 12 степени.

Во Скопје слично време. Утринската температура падна до -5 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне 10 степени.

За време на викендот ќе се задржи сончево време со ниски утрински температури. В понеделник и вторник ќе има зголемување на облачноста, а во текот на ноќта кон вторник ќе има услови за провејување краткотраен снег. Од среда времето повторно ќе биде претежно сончево.

 

 

Оцени ја веста

14.02.2015 - 10:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега