МОН: Училиштата да почекаат насоки за одработување на пропуштените денови

Министерството за образование и наука соопшти дека сеуште не се одобрени плановите за одработување, односно надоместување на пропуштените наставни денови во дел од училиштата во земјата, каде што во изминатиот период имаше бојкот на наставата.

Тоа се однесува и на плановите кои ги изготвија и доставија училиштата од општина Куманово, кадешто одлуката за одржување на настава во текот на утрешниот ден е иницијатива исклучиво на локалната самоуправа и на директорите на училиштата на нејзина територија.

- Во таа насока, апелираме до директорите и училишните раководства да се воздржат од самоиницијативност и носење лични одлуки за одработување на пропуштените наставни денови, додека не добијат официјални насоки од Министерството за образование и наука, се вели во соопштението.

 

 

Оцени ја веста

13.02.2015 - 21:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега