Погледнете какво ќе биде времето утре

Времето утре во Македонија ќе биде сончево, наутро со ниски температури, а преку денот со слаб југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус осум до минус еден, а дневната од пет до 12 степени.

Во Скопје слично време. Утринската температура ќе биде минус пет, а дневната ќе достигне 10 степени.

За време на викендот ќе се задржи сончево време со ниски утрински температури.

Во понеделник и вторник ќе има зголемување на облачноста, а во текот на ноќта кон вторник ќе има услови за провејување краткотраен снег.

Од среда времето повторно ќе биде претежно сончево.

 

 

Оцени ја веста

13.02.2015 - 17:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега