Деканите повикуваат за активно вклучување и конструктивно однесување на студентите

Деканите на единиците при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, денеска го изнесоа заедничкиот став во врска со постапките на Студентскиот пленум.

-Разбирливи ни се начините на кои сакаат своите ставови да ги изразат во јавноста. Станува збор за млади и интелегентни личности, граѓани на Македонија и членови на академската заедница, на која им доликува да бидат бунтовни и авангардни. Но сепак, сметаме дека проблемот може и мора да се реши преку нивно целосно и активно учество во работната група формирана за подготовка на нов Закон за високо образование на РМ, истакна Атанас Кочов, декан на Машинскиот факултет, пренесувајќи го заедничкиот став на деканите на единиците при УКИМ.

Со тоа, според деканите, би се дошло до заедничко решение кое е општо прифатливо за сите и ќе придонесе за квалитетот на високото образование.

-Неопходно е, почнувајќи од понеделник, да се седне и конструктивно да се работи на нови квалитетни решенија во работна група составена од УКИМ и Министерството за образование и наука, како што е ветено. Имено, сите ние сме дел од Македонија и сите заеднички мораме да придонесеме за севкупен општествено економски развој и просперитет на нашата татковина, додаде Кочов.

KURIR

 

 

Оцени ја веста

13.02.2015 - 16:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега