Продолжува контролата за намалување на загаденоста во тетовско

Градоначалничката на општина Тетово Теута Арифи, заедно со претставници од локалниот инспекторат за животна средина  денеска извршија инспекција во компанијата за производство на млеко, млечни производи  и сокови „Сентис-АГ“ од Џепчиште, која согласно дејноста е должна да поседува Б-интегрирана еколошка дозвола.

Низ процесот на контрола инспекторите ги прегледаа испустите во водата, воздухот и почвата како и другите области и параметри за влијанието врз животната средина.

- Се разгледуваа  техниките на управување и контрола на субјектот, суровините кои се користат вклучувајќи ја и водата, ракувањето и складирањето на отпадот, извештаите кои ги доставуваат до Општина Тетово, емисиите кои се емитираат од нивна страна како и реализацијата на оперативниот план. Претходно е исконтролирана и работата на станиците за технички преглед во врска со издувните гасови кои се емитираат во воздухот од моторните возила од каде е констатирано дека горенаведената компанија ги исполнува предвидените услови, изјави Арифи.

Арифи нагласи дека согласно законските надлежности општината заедно со инспекторатот ги преземаат сите неопходни мерки за заштита на животната средина, особено за намалување на загаденоста на воздухот во општината и оти контролата ќе продолжи и во останатите инсдустриски субјекти кои имаат Б- интегрирана еколошка дозвола или еколошки елаборат. 

 

 

Оцени ја веста

13.02.2015 - 14:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега