Попоски ја прими германската парламентарна делегација

Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски денеска имаше средба со делегацијата од Парламентарната група за соработка со земјите од Југоисточна Европа при германскиот Парламент, предводена од претседателот Петер Вајс.

Целта на посетата, како што соопшти МНР, била изворно запознавање со актуелните општествено - политички состојби во земјата, како и за можностите за унапредување на соработката во процесите на интеграција на земјата во Европската унија.

Во таа насока била нагласена поддршката од Бундестагот во постигнувањето на потребниот напредок на Македонија во евроинтеграцискиот процес, посебно во исполнувањето на клучните реформи од европската агенда на земјата, при што акцент бил ставен на унапредувањето на слободата на медиумите, функционирањето на правната држава, добрососедските односи и регионалната соработка.

Министерот Попоски истакнал дека почетокот на пристапните преговори со ЕУ останува примарна цел на Република Македонија, што во континуитет земјата го потврдува со проактивни чекори и конкретни резултати со цел напредок во европскиот интегративен процес.

На средбата биле разменети мислења за можностите за натамошно унапредување на пријателските односи меѓу Сојузна Република Германија и Република Македонија, како и за продлабочување на односите на парламентарно ниво меѓу двете земји.

Германската парламентарна делегација е во дводневна работна посета на Република Македонија. 

 

 

Оцени ја веста

13.02.2015 - 14:46
Фото: 
вести.мк

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега