Поднесени 40 пријави за штета за хаосот кој го направија поплавите во виничко

Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од Виница по направениот увид на терен и пријави од граѓани информира дека  со поплавите во овој регион се зафатени 300 хектари земјоделски култури, од кои директна штета е направена на 90 хектари, пренесува МИА.

Најмногу настрадале површините под есенски жита и тоа 34 хектари кои се  наоѓаат  во близина на коритата на реките Осојница и Брегалница,чие излевање беше и најголемо за време на поплавите.

 Инаку, во општина Виница досега се поднесени 40 барања од граѓани со пријави за штети кои се однесуваат најмногу на земјоделски површини и паднати зидови од свлечување на земја.

 Од општина Виница истакнуваат дека проценката на штетата допрва ке се утврдува.

 

 

Оцени ја веста

13.02.2015 - 14:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега