Ако нема слобода, како Заев направи богатство од 12 милиони евра?

За лидерот од Бихаќка очигледно омилена тема за разговор е слободата. Постојано повторувајќи дека во земјава слобода нема, Заев заборави да каже како тоа во време кога нема слобода, тој и неговото семејство направиле богатство од 12 милиони евра, според пишувањата на весникот Дневник пред извесно време. 

Заев со тематиката за немањето слобода продолжи и во вечерашното интервју на Алсат М.

- Слобода, демократја се е уништено. Зарем е привлечно и посебно примамливо е да се биде власт после ова цунами што се случи во Македонија? Зарем не знаат луѓето кој сум и од каде доаѓам и што е тоа што е толку вредно? Една работа е вредна-слободата. Слободата е таа која што мора да не води сите, рече Заев.

Зборот “слобода“, Заев вечерва го вметна во над 20 реченици. Во битката против владејачката партија Заев не користи факти, туку ударни, веќе напамет научени тези. Ако не е така, лидерот на СДСМ треба да одговори како направи цело богатство токму во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ?

Тој лично неодамна истакна дека најголемиот дел од своите пари ги стекнал во времето на актуелната владејачка партија.

-Нашиот имот е во делот на фирмите, фирмите се покриени со кредити. Еве реков, колку е вредноста на имотот по проценки отприлика се  и кредити и апсолутно не бегаме од тоа, ние се гордееме, тоа е создадено, пред се 90 отсто е создадено додека ВМРО-ДПМНЕ бил на власт. Граѓаните го чувствуваат деловниот амбиент, тука се бизнсимените, тука се вработените во сите фирми, сите знаат како живеат денеска. Деловниот амбиент во Македонија е за жал на минимум од целиот регион од по странски инвестиции. Домашните инвеститори престанаа да инвестираат, ако е добар деловниот амбиент зарем нема да имаме дополнително охрабрување, одважување да земеме кредити, да ги заложиме куќите. Нема никакви инвестиции во РМ“ - изјави Заев во интервјуто на МРТВ.

Но, кога обвинува Зоран Заев, треба да знае дека освен сопствениот, должен е и да “исчисти туѓи образи“. Така, на пример, Заев треба да каже како неговиот брат гради катна гаража во Прилеп, ако тврди дека и во овој град нема слобода. Каква дополнителна слобода и е потребна на неговата заменичка Шекеринска, во држава во која зема 5000 евра за кирија, поседува 5 стана и луксузна викендица, според обвинувањата од владејачката партија.

Ако нема слобода, како тогаш неговиот гласноговорник Петре Шилегов ужива вистински луксуз во неколку станбени објекти, поседува огромни количини на злато, прескапи часовници и уметнички дела? Како нема слобода во земја во која Дамјан Манчевски кој е на висока позиција во СДСМ, стопанисува со „Паркинзи“ во Куманово? Челниците на СДСМ многу добро знаат што е слобода, бидејќи тие уживаат во невиден луксуз. Прават забави како буржоазиска класа, возат луксузни коли и имаат по неколку станови, куќи и фирми. Далеку од сето тоа, пред јавноста упорно зборуваат дека немало слобода.

 

 

Оцени ја веста

13.02.2015 - 11:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега