Турчинот Балкан се враќа да живее на огништето на предците во Македонија

Роден е во Турција, потеклото на родителите е од демиркаписко Корешница, тој е професор по историја во Турција, на 11 февруари годинава ќе се пензионира и планира да дојде да живее во Македонија пишува Дневник.мк. Педесетгодишниот Кенан Балкан е дојден во Тиквешијата за да побаа да купи куќа или стан за своето семејство. Истовремено во секој момент очекува да добие македонско државјанство, лична карта и пасош за што веќе има поднесено документи. Има повеќе причини поради кои сака да дојде и да живее овде. Тој е еден од многуте од Турција што имаат потекло од Македонија и кои сакаат да добијат македонско државјанство.

„Прво, тука ми се корените. Родителите ми потекнуваат одовде, растев со приказните за Македонија. Растев со македонскиот јазик и со македонските песни. На татко ми, кој има 86 години, постојано му е во устата ова парче земја. Долго раскажува за момчешкиот живот кога ги пасел козите покрај Вардар, за војничките денови, за секое дрво и за секој камен во родното село – вели Балкан.

Економскиот аспект е исто така многу важен при неговата одлука оваа година да стане жител на Тиквешијата.

„Некој би рекол дека многу млад заминувам во пензија, но ќе се пензионирам според стариот закон, со 28 години работен стаж оти сега по новиот старосната граница за одење во пензија е многу поголема. Ќе земам околу 700 евра пензија. Со тие пари реално многу подобро би живеел тука отколку во Турција. Само за илустрација, автомобилот што овде би го купиле за 3500 евра, таму би требало да го платите неколку пати поскапо. Имам идеја да отворам и некое дуќанче за здрава храна, но детали засега нема да откривам“, раскажува Балкан.

 

Овој пријатем и разговорлив човек не крие дека, всушност, и менталитетот на Тиквешаните некако многу повеќе му се допаѓа од оној на жителите на населбата Честепе крај милионскиот град Ајдин.

 

Повеќе прочитајте на Дневник.мк

 

 

Оцени ја веста

12.02.2015 - 22:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега