Груевски - Гојковиќ: Проширување на соработката на сите нивоа

Можностите за унапредување на економската соработка, трговската размена и соработката на полето на инвестициите и во реализацијата на инфраструктурните проекти, беа главна тема на разговор на денешната средба во Скопје меѓу премиерот Никола Груевски и претседателот на Собранието на Република Србија, Маја Гојковиќ.

На средбата, информираат од владината прес-служба, позитивно беа оценети односите помеѓу двете држави, кои се карактеризираат со соработка во повеќе сфери, а кои се поткрепени и со континуираниот дијалог и средби на највисоко ниво. Соговорниците ја изразија својата подготвеност за проширување на соработката на сите нивоа кои се од заеднички интерес со што ќе се придонесе за дополнително унапредување на односите.

Беше истакнато дека двете држави се фокусирани на реализација на реформската агенда во функција на унапредување на можностите за развој на секоја општествена сфера и за достигнување на стандардите за европската интеграција, процес кој ќе е и од пошироко значење за напредокот на целиот регион, во економска и во политичка смисла.

Двете страни го истакнаа и позитивното искуство од придонесот и вклученоста на малцинствата во општествата на двете земји, македонското малцинство во Србија, и српското во Македонија, што претставува дополнителен фактор за соработка меѓу двете држави.

Соговорниците разговараа и за можностите за остварување соработка во областа на земјоделството и туризмот.

 

 

Оцени ја веста

12.02.2015 - 21:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега