Вељаноски се сретна со парламентарна делегација од Бундестагот

Делегација на парламентарната група за соработка со Југоисточна Европа при Бундестагот денес престојува во официјална посета на Република Македонија и во рамки на посетата оствари средба со претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски. Делегацијата беше во состав од Петер Вајс, Јосип Јуратовиќ, Александер Соранто Ној, Рудолф Хајнц Визе, Дирк Фепел и Уте Елизабет Финк како и амбасадорот на Сојузна Република Германија во Македонија Н.Е. Кристине Алтхаузер.

На почетокот беше искажано взаемно задоволство за остварената средба и за можноста да се разговара и да се разменат искуства и ставови.

На средбата беше разговарано за актуелните случувања во Македонија за што парламентарната група за соработка од Бундестагот покажа заинтересираност.

Претседателот Вељаноски укажа на важноста во комуникацијата и соработката со Германија особено затоа што на Македонија и е трговски партнер кој се наоѓа на првото место и од каде доаѓаат голем број инвестиции.

Тој исто така ја искажа желбата и подготвеноста на Република Македонија за влез во Европската унија и потребата од поддршка на тој пат. 

 Соговорниците си упатија желби за понатамошна заедничка соработка.

 

 

Оцени ја веста

12.02.2015 - 19:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега