ПОМОГНЕТЕ: На 12- годишната Мартина итно и е потребна операција на рбетниот столб

Мартина Стојковска има 12 години и сколиоза која прогресивно напредува. Потребна и е итна операција на рбетниот столб, во Турција, каде е договорено се, освен парите за хирушката интервенција која чини 40 илјади евра.

 

Таа веќе 5 години се бори со деформитетот на рбетниот столб. Кога била откриена сколиозата, Мартина имала само 7 години, а деформацијата била 28 степени. Сега, 5 години подоцна прогресира на над 105 степени.

 

Покрај сите неуспешни обиди на лекарите кај нас да се справат со сколиозата, да го стопираат прогресот и ја корегираат истата, родителите мораат спасот да го бараат надвор од државата со што е потребна итна и неодложна операција во странство за да може девојчето слободно да дише, да се храни, да седи и да се движи.

Деформацијата е дотолку опасна што доколку не се изврши хируршката интервенција на време може да ја парализира и да доведе до влошување на нејзината здравствена состојба во целост.

Да бидеме хумани и да и помогнеме на Мартина.

 

 

Оцени ја веста

12.02.2015 - 17:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега