Карамарко: Не смее да се објавуваат материјали на тајни служби

Томислав Карамарко, претседател на Хрватската демократска заедница (ХДЗ), најголема опозициска партија во Хрватска чиј кандидат неодамна победи на претседателските избори во земјата, денеска по Самитот на Европската народна партија (ЕПП) во Брисел испрати порака со осуда на објавувањето на прислушкувани разговори на официјални лица во Македонија од страна на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пренесува МИА.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, најверојатниот иден премиер на Хрватска, по Самитот на најголемата европска партија во Брисел, во изјава за МИА посочи дека една работа што никогаш не смее да се објави е онаа на тајните служби.

- Не ги знам деталите од посочениот случај, бидејќи едно е прашањето што се изнесува во јавност и во медиумите, а друго е што навистина се случува. Но, во секој случај не е добро тоа што се прави. Има една област што никогаш не се објавува, а тоа е работата на тие т.н. тајни служби. Ако тие се во функција на безбедноста на државата, тогаш нивната работа не смее да се прикажува јавно, дециден е Карамарко.

Лидерот на хрватската ХДЗ партија е поранешен шеф на разузнавачката служба на Хрватска и важи за човек кој одлично ја познава работата на танните лсужби во регионот.

 

 

Оцени ја веста

12.02.2015 - 15:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега