Владата на терен меѓу граѓаните во поплавените региони

Владата на Македонија денеска на терен меѓу народот од подрачјата кои се соочуваат со поплави. Владините функционери се во посета ширум Македнија, во реоните кои беа погодени од обилните врнежи и поплавите. На лице место се врши увид на штетите, последиците и се разговара со луѓето кои ги снајде тешка судбина.

Премиерот Груевски и министерот Миле Јанакиески денеска се во посета на битолско, во Новаци и Могила. 

Поплавеното подрачје во кумановското село Доброшане денеска ќе го посети министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов ќе го посети кичевскиот регион. 

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски ќе ги посети поплавените во кочанското село Тркање.

Министерот за здравство, Никола Тодоров ќе го посети Чешиново Облешево и Свети Николе.

 

 

Оцени ја веста

07.02.2015 - 12:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега