ВИДЕО: Дрво падна врз жена во центарот на Скопје

Најавеното невреме пристигнува во Скопје каде моментално дува силен ветер.

Во центарот на Скопје на булеварот Климент Охридски во близина на Европскиот универзитет, дрво падна врз жена. Пристигна и брза помош, и жената е пренесена на Клиника, пренесе ТВ21.

ТВ21 извести дека тоа не е единственото паднато дрво туку има повеќе паднати дрва кои се паднати од силниот ветер кој дува во Скопје.

 

02.07.2024 - 14:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега