Полнете додека е евтино - Расте цената на нафтата

Цените на нафтата денеска пораснаа, иако сепак постојат колебања на пазарот кои и понатаму се присутни во ненамален облик, наведуваат аналитичарите.

Барел американска „лесна“ нафта за испораката во март на меркантилната берза во Њујорк поскапе за 90 центи и се продава по цена од 51, 38 долари, додека барел северноморска нафта од типот „брент“ на пазарот во Лондон поскапе за 84 центи и сега се продава по цена од 57, 41 долар, пренесува агенцијата Франс прес.

-Колебањето во цените на нафтата пред се е мотивирано од вестите што се однесуваат на податоците за залихите, а таквата променливост најверојатно ќе опстане и денес по објавувањето на податоците за бројот на нафтените ископувања во САД, изјави аналитичарот на пазарот на компанијата на „CMC markets“, Николас Тео.

Минатонеделните податоци покажале дека во неделата заклучно со 30-ти јануари бројот на нафтени ископувања во САД е намален за 94, од 2.393 на 1.223, во однос на истиот период минатата година.

Помалиот број на ископувања во комбинација со најавата на големите нафтени компании дека ќе се намали производството, сигнализира дека во иднина залихите на нафта би можели да бидат помали.

ОДредени аналитичари, сепак се сомневаат во влијанието на краткорочното производство на нафта, затоа што залихите и понатаму ја надминуваат глобалната побарувачка.

 

 

Оцени ја веста

07.02.2015 - 11:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега