Се излеа Крушевичка Река кај Росоман

Се излеа Крушевичка Река кај Росоман, загрозен е дел од асфалтот на регионалниот пат Градско Прилеп, информираше попладнево росоманскиот градоначалник Стојанче Лазов.

-Поголеми штети засега нема. Во текот на денот пристапивме кон чистење на наносите и превентивно чистење на околината за да не дојде до поголеми последици. Утврдени се критичните точки во општината и се превземаат активности за спречување на штети од поплавите. На помош на општината се приклучи и фирмата „Машинокоп" со својата механизација, соопшти Лазов.

Тој нагласи дека будно се следи состојбата на терен се со цел навреме да се реагира доколку биде потребно. 

 

 

Оцени ја веста

03.02.2015 - 16:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега