Странските служби имаат силен капацитет за монтирање на материјали од секој вид

Се повеќе аргументи ја ставаат под знак прашалник веродостојноста на материјалите кои Зоран Заев ги најавува како “бомба“, а за кои уште молчи. Материјали добиени од странска разузнавачка служба, со какви што му се заканувал на премиерот Груевски, а според последните информации и на свои сопартијци и граѓани, Заев можел да добие само од структури чија единствена цел е дестабилизација во Македонија.

Курир побара став од доцент Оливер Андонов, доктор по мир и развој на МИТ Универзитетот. Тој смета дека е многу реално материјалите кои лидерот на опозицијата Зоран Заев ги добил од странските служби да се монтирани.

-Секој материјал, не мора да има капацитет службата може секој поспособен компјутерџија да направи монтажа на таков материјал. Тоа не е проблем, монтажа може да се направи без проблем, но суштината е што од тоа е вистинито, тоа треба да се утврди, рече Андонов за Курир.

На оваа тема говореше и уредникот на ТВ Сител, Драган Павловиќ Латас.

-Само врни експерти на суд утврдуваат кој видео материјал е верен на оригинал, која фотографија или кој документ. И сега што го натерало Заев за да го направи тоа што го направил. Очај! Значи тој слабо стои во партијата, слабо стои кај дипломатскиот кор во меѓународната јавност, слабо стои на пазарот бидејќи гласови нема , бидејќи губи цело време. Бомбата повеќе служеше за консолидација на неговата положба и неговата функција во самата партија. Ние барем знаеме дека тој не стои добро со Црвенковски, ние знаеме дека има силна опозиција во самата партија која со тие докумети ја плаши . Јас знам најмалку два случаи за еден пратеник и еден кандидат за пратеник од онаа листа доколку овие триесетина се повлечат па доаѓаат, на кои им е предочено да не си играат бидејќи има материјали и за нив. Значи тие материјали во внатрепартиска борба се веќе употребувани, вели Латас.

 

 

Оцени ја веста

03.02.2015 - 14:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега