Вардар поплави ниви во демиркаписко - граѓаните спречија катастрофа

 

Во атарот на селото Бистренци поплавени се земјоделски површини на околу 20 хектари, како последица на излевањето на водите од реката Вардар, информираше денеска претседателот на селската месна заедница, Живко Шипинковски. 

- За среќа, со ангажман на жителите од селото и ставање во функција на градежната механизација на компанијата „Жак транс", успеавме да ги заштитиме пумпите со кои селото се снабдува со вода а кои беа во опасност да бидат поплавени, рече Шипинковски.

На поплавените земјоделски површини се засадени лозја и житни култури.

Шипинковски додаде дека проблем претставува подвозникот под железничката пруга кај Дуброво низ кој минуваат кон Неготино, а кој често се полни со вода и оти очекуваат и овој проблем да биде надминат во иднина.

 

 

Оцени ја веста

03.02.2015 - 12:56
Фото: 
фактор

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега