Минатата година најврнежлива во Македонија во последните 64 години!

Минатата 2014. била најврнежлива во Македонија во последните 64 години. Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи, лани во земјава наврнал дожд за речиси три пати повеќе од просекот во изминатите години. 

На места како Гевгелија во текот на 2014 година наврнале 1.161 литар на метар квадратен, во Берово 1.039, Крива Паланка 966, Струмица 830 литри, Штип 803 и Прилеп 801 литар на метар квадратен.

Просечните годишни врнежи во Гевгелија изнесуваат 484 литри, Берово 431, Штип 348, Прилеп 291 и Струмица 267 литар на метар квадратен. 

Во Беровско најврнежливи биле 1951 и 2002 година, во Гевгелиско 2002, 2009, 2010 и 2014, Скопско 2002, 2009, 2010 и 2014 година.

Најмногу дожд во текот на едно деноноќие е евидентиран во Гевегелија на 5 јуни 2004 година кога наврнале рекордни 201 литар на метар квадратен.

 

 

Оцени ја веста

03.02.2015 - 10:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега