За поплавите во Србија собиравме помош - а за Македонија?

За поплавите во Србија Македонците брзо се организираа и масовно почнаа да собираат помош. Се собираше вода, препарати за хигиена, конзервирана храна пари. Социјалните мрежи беа преплавени со повици за солидарност. Пријателскиот гест на Македонија не остана незабележан во регионот. На скопскиот плоштад илјадници граѓани дадоа свој придонес во намерата да им се помогне на соседите кога им беше најтешко.
Иако Македонија не се соочува со поплави од тој размер, сепак, граѓаните од околината на Штип имаат сериозни проблеми. Многу домови се поплавени, луѓето останаа без своите обработливи површини. Со еден збор има голема штета. 
Сепак, во Македонија, освен неколку скромни повици на социјалните мрежи, нема отворено број за донации, нема организација за собирање помош.
Press24 апелира до надлежните но и до мобилните оператори да отворат телефонска линија на која ќе можеме да донираме пари за помош на настраданите во поплавите во Штип и останатите региони низ Македонија.

 

 

Оцени ја веста

03.02.2015 - 10:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега