Отворен патот Прилеп - Крушево, се отстрануваат дефектите во струјата во селата

Според последните информации од Регионалниот центар за управување со кризи во Прилеп, воспоставен е сообраќајот на патот Приллеп - Крушево, кој беше во прекин поради поплавите, а во населените места во опоштините Прилеп и Кривогаштани се отстранети дефектите во електронапонската мрежа и во сите има електрична енергија.
 
- Отворен е патот Прилеп - Крушево кој беше во прекин кај селото Врбјани. Има струја во Мариово, во прилепските села, особено Големо Коњари каде поради немањето стгруја не можеа да функционираат бунарите за вода за пиење. Струја има и во општината Кривогаштани, изјави Илко Петкоски, раководител на Центарот.
 
Се очекува и во општина Долнени вечерва да има струја во сите населени места.
 
- Полека се отстрануваат и дефектите во населните места во Долнени. Останува вечерва да добијат струја и селата Долгаец, Сливје, Рилево и кон манастирите Зрзе и Трескавец, рече Петкоски. 
 

 

Оцени ја веста

02.02.2015 - 19:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега