Време: Пеколот пристигна

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло. Околу пладне и попладне ќе има мала до умерена локална облачност особено на планините во западните и источните подрачја на земјава.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 19, а дневната од 27 до 35 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло, попладне со мала облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец. Температурата ќе достигне до 33 степени.

Вредноста на УВ-инексот ќе изнесува 8.

Во наредните денови следува претежно сончево и топло време. Од вторник се очекуваат повисоки температури, а в среда ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд со грмежи.

најчитано сега