МРТ: ЗНМ е лицемерно, Насер одби да учествува во дебатата

Уредничкиот колегиум на МТВ е згрозен од реакцијата на ЗНМ во која МТВ е обвинета дека ја злоупотребила програмата за дневно партиско политички потреби.

Во соопштението на ЗНМ меѓудругото стои:

“Преку селекција на гостите уредникот Петрески го прекрши законоското начело на непристраснот на информациите како и начелото за политичка избалансиранот и плурализам на гледишта“.

Оваа констатација на ЗНМ е неточна и пред се лицемерна. МТВ во отвореното студио вчера покани повеќемина новинари аналитичари меѓу кои и жестоки критичари на актуелната власт.

-Еден од нив беше лично новинарот на “Вест“ и  Претседател на ЗНМ, Насер Селмани. За жал тој и останатите одбија да учестуваат во емисијата со што и го ускратија правото на јавноста да слушне различни гледишта. Денешната реакција на ЗНМ е зачудувачка и крајно тенденциозна ако се има предвид дека Селмани неколку часа пред емисијата разговараше телефонски со двајца уредници од МТВ во обид да се договори неговото гостување. Ваквата хипокризија на ЗНМ и особено на нејзиниот прв човек неможеме да ја разбереме никако поинаку освен како грубо мешање во работата на Јавниот сервис и  обид да се наруши неговиот имиџ. ЗНМ отвора сомнеж и за терминот на емисијата, а добро знае дека дискреционо право на секој медиум е да ја менува програмската шема според сопствените потреби особено кога настаните тоа го наметнуваат како потреба на јавноста за информирање, стои во реакцијата на МРТ. 

 

 

Оцени ја веста

02.02.2015 - 17:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега