Червар ги „откри“ слабостите на македонските натпревари
Тренерот на Металург Лино Червар ги „откри“ сите слабости во играта на македонската репрезентација во пресрет на вечерашниот дуел со Хрватска.
-Ракометот во Македонија е прв спорт, таму салите се полни, а од оваа екипа се очекува пласман во четвртфинале, вели Лино Червар кој неколку години работи во Скопје како тренер на Металург.
Селекторот на Хрватска Славко Голужа не побарал помош од тренерот на Металург пред најважниот меч во групата. Червар вели дека не сака на никој да му се меша во работата, но како што самиот вели никој не ја познава Македонија како него.
-Околу 70 проценти од репрезентацијата ја сочинуваат играчи од мојот Металург. Им всадив тактичка дисциплина. Двајца надворешни играчи, Миркуловски и Мојсовски знаат активно да ја држат топката како во кошарка. Голманот Ристовски е еден од главните играчи, брани одлично во најтешките мечеви, открива Червар и продолжува со анализата на Македонија.
- Секогаш прават две промени напад-одбрана, излегуваат Лазаров и Стоилов. Тоа мораме да го искористиме, да постигнеме многу голови од контри. Крилата им се многу опасни, „моите“ Манасков и Георгиевски. Играат одбрана 6-0, а тоа може да ни одговара, вели Лино.
Се разбира и според него најголемата опасност по Хрватска доаѓа од Кире Лазаров.
-Според мене тој е најдобриот десен надворешен бек на светот, впрочем игра во Барселона. Има топ во раката, многу шутира, но исто така има одлична соработка со Стоилов на линијата. Ако има свој ден, ако распали, тогаш може да ги сруши и најголемите, изјави Червар за хрватските медиуми кој додаде доколку Македонија го контролира текот на мечот, тогаш Хрватска ќе има многу проблеми.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа