Пукна брука: Милан Станковиќ продал само 8 карти за настап

Не се живее на стара слава! Пејачот и судијата на Пинковите ѕвездички, Милан Станковиќ продал само осум карти за настап во Словенија.

Како што пренесуваат српските медиуми, сопственикот на познатата дискотека му кажал дека воопшто не мора ни да доаѓа. Неговиот настап бил најавуван повеќе од две недели на Фејсбук профилот на пејачот, но еден ден пред настапот е откажан поради речиси немање никаков интерес на публиката.

Сопственикот на дискотеката ја потврдил вистинитоста на оваа информација.

Точно е дека на Милан му го откажавме настапот бидејќи продаде осум карти. Со неговиот менаџер се договоривме да му исплатиме половина од хонорарот, што и го сторивме. Повеќе не го повикавме да гостува, ниту пак да се помести датумот, изјавил тој.

Од друга страна, Станковиќ демантирал дека ова е причината за откажувањето на настапот.

Во моментов работам во студиото и нема да настапувам се до издавањето на албумоѕ. Снегот и минусните температури тој викенд доведоа до ланчан судир на 50 автомобили. Не беше безбедно, ниту нирмално да се одржи настап тогаш. Жал ми е што не пишувате за мојот врвен концерт во Приједор или некој друг успешен настап, вели тој.

Извор: Вистина

 

 

Оцени ја веста

14.01.2015 - 18:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега