Родители внимавајте, ова се вашите ќерки на Фејсбук

Провокативни фотографии, често полни со голотија и со експлицитни содржини стануваат секојдневие на профилите на социјалните мрежи на десетици средношколки од различни градови во државата. Станува збор за малолетни девојки кои во ловот на популарност, пријатели, лајкови и коментари не размислуваат за евентуалните проблеми кои можат да ги создадат, но и за последиците од нивното однесување. 

Психологот Ивана Хаџиванова вели дека причината за ова однесување е потребата за внимание и допадливост од другите.

- Исто така, се работи за начин за површинско и краткотрајно јакнење на самодовербата од бројот на лајкови и коментари. Потребата да се различни и посебни, но за жал тоа што сакаат да го постигнат е некогаш на погрешен начин направено, вели Хаџиванова.

Според Хаџиванова, последиците кои можат да настанат се негативни во смисла на озборување од врсниците, прекор од родителите, професорите или претпоставените или пак злоупотреба на сликите и дискредитирачкиот материјал кој е јавно прикажан.

- Мој совет е на Фејсбук да се гледа како на забава и повремено начин на информирање на одредени теми, социјална мрежа на која не би се губело многу време. Особено не споредувајќи се со останатите, појава која многу често кај младите предизвикува негативни чувства и разочараност, несвесни за нереалната слика која ја гледаат кај Фејсбук пријателите. Тој не е вистински начин на контакт и комуникација меѓу луѓето и тоа не смее да се заборави никогаш. Иако за жал, проблемот е на генерално, пошироко ниво, бидејќи овие појави не се сретнуваат само кај средношколците, туку и кај возрасните. Мора да се внимава на границата помеѓу убаво, вкусно и пристојно и дегутантно, вулгарно, невкусно, бидејќи е многу тенка, советува Хаџиванова.

Прочитајте повеќе на  Вечер

 

 

Оцени ја веста

14.01.2015 - 16:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега