Приказната која ќе ја прочитате е една од најтажните за љубовта и смртта

Животот пишува приказни, некои среќни, а некои многу тажни...

 

Оваа приказна започнува со една млада мајка која подолго време се борела со рак на јазикот.

 

Животот пишува приказни, некои среќни, а некои многу тажни... Оваа приказна започнува со една млада мајка која подолго време се борела со рак на јазикот.

Ема Гилсепи минатиот декември за прв пат забележала дека нешто не е во ред, кога го открила чирот на нејзиниот јазик, кој не поминува.

- Не очекувавме дека во прашање е нешто сериозно, кога отиде по резултатите од биопсијата, а испадна дека е рак на јазикот, рекла низ солзи нејзината мајка Деби.

28 годишната жена, одлучила да се бори против оваа тешка болест и била на две операции, а и бил отсечен и дел од јазикот.

И покрај интензивната радиотерапија, семејството добило поразителни вести во јули годинава, кога дознале дека нејзината болест е неизлечива.

Семејството било шокирано од тоа за колку брзо време болеста напреднала и ја совладала нивната Ејми, а по само две сеанси хемотерапија, лекарите се откажале од третманот бидејќи не дејствувал.

 

Кога во ноември дознале дека можеби нема да преживее повеќе од 24 часа, таа и вереникот веднаш закажале венчавка.

Ема Гилеспи, го склопила брачниот завет со Мајкл, во Ланкастер, на 20-ти ноември годинава во 11 часот наутро, а за жал, неполни 12 часа подоцна, таа починала и тоа на еден месец пред нејзиниот 29-ти роденден.

 

- Не можевме да веруваме што се случува и ја преместивме венчавката од 28 на 20-ти ноември. И купив венчаница, но не сакаше да ја облече. И ја облековме за погребот, вели расплаканата мајка.

 

 

Оцени ја веста

26.12.2014 - 13:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега