Екстремна загаденост на воздухот во Париз
На 13 декември 2013 година, значи точно пред една година, воздухот кој се дишеше во Париз беше исто толку загаден како да се наоѓата во просторија од 20 метри квадратни во која има осум пушачи.
На ваков сликовите начин,, беше претставена последната студија за загаденоста на воздухот во францускиор главен град.
Мерењата биле вршени со помош на ласер инсталиран на балонот на Париз и во лабараториите Ерпариф и ЛПЦ2Е на Центарот за научни испитувања (ЦНРС) во период од осумнаесет месеци. Со него биле регистрирани ситните честички, кои досега не биле мерени, со големина меѓу 0,2 и 1 микрометри. Пред инсталирањето на новите апарати, Ерпариф ги мереше само честичките од 2,5 микрометри (PM2,5) и 10 микрометри (PM10).
Резултатот на мерењата од 13 декември 2013, кога беше забележана најголема загаденост во Париз, покажува дека во воздухот имало 6 милиони честички. - Односно тоа претставува како да се наоѓате во просторија од 20 метри во која има осум пушачи, објаснува за весникот „Паризиен“, Жан-Батист Ренар, директор на ЦНРС и автор на студијата.
Сликата е можеби шокантна, но тоа доволно зборува со каква загаденост на воздухот се соочуваат Парижаните.
Според авторот на студијата, сите честички не се исти, зависи дали тие произлегуваат од дизел моторите или пак од греењето на дрва или од цигарите. Има разлики и во честичките кои произлегуваат од една или друга цигара. Но, во сите честички има јаглерод, всушност јаглеродот е проблематичен за здравјето.
Нивната студија покажа дека е се исто ако седите во една просторија од 20 метри квадратни со осум пушачи, кои пушат или пак да се шетате на отворен воздух на улиците во Париз. Количината на вдишените честички зависи од ритамот на дишењето.
Кога се забележува највисоката загаденост во Париз, најчесто нема ветер и француската престолнина се претвора во „гигантска пушалница“.
Според француските научници, последиците за здравјето на луѓето од загадениот воздух или пак од пасивното пушење се слични и блиски.
- Честичките преминуваат во крвта, без разлика дали се произлезени од тутунот, загадувањето на воздухот или од препечено месо, вели Ренар.
Кога ќе се најдат во крвта, ефектот од честичките е познат. Тие ги зголемуваат ризиците од заболување на дишните органи, како и од астма и од кардиоваскуларни болести.
Според студијата „Апеком“ од 2011 година, на возраст од 30 години еден жител на Париз изгубил 5,8 месеци од животниот век поради загаденоста, жител на Марсеј 7,5, додена на Лион 5,7 месеци.
Ако загадениот воздух предизвикува слични штети со тие од пасивното пушење, загадениот воздух не треба воопшто да се споредува со пушењето. Бидејќи кога едно лице пуши, тоа вдишува огромни количества на честички, велат научниците
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа