Мона Лиза е мајката на Да Винчи?

 

Расправите на оваа тема се водат веќе со векови, а италијанскиот историчар и книжевник Анџело Паратико понудил уште една теорија.

 

Која е всушност Мона Лиза, жената со мистериозна насмевка на најславната слика во историјата? Расправите на оваа тема се водат веќе со векови, а италијанскиот историчар и книжевник Анџело Паратико понудил уште една теорија.

Според него, станува збор за мајката на големиот Леонардо Да Винчи. Иако тој не е првиот кој ја изнел оваа теорија, новост е всушност нејзиното потекло. Авторот тврди дека станува збор за кинеска робинка, која работела за еден богат клиент на таткото на Да Винчи.

"Убеден сум дека мајката на Да Винчи била Азијатка, но со помош на дедуктивни методи би можело да се утврди дали потекнувала од Кина", рекол Паратико. 

"Еден богат клиент на таткото на Да Винчи имал робинка по име Катерина. Откако во 1452-та година се родил Леонардо, таа исчезнала од сите документи и повеќе не работела таму", вели Паратико.

Се верува дека мајката на Да Винчи се викала Катерина. Според некои документи била локална селанка, но според Паратико таа всушност била робинка, пишува Daily Mail.

"За време на ренесансата во земјите како Италија и Шпанија имало голем број на робови од Азија", вели Паратико, додавајќи дека некои аспекти од животот на Да Винчи се поврзани со Истокот.
"На пример, фактот што пишувал со левата рака од лево кон десно. Исто така, бил вегетаријанец, што во тој период не било честа појава. Мона Лиза е веројатно портрет од неговата мајка, како што рекол и Сигмунд Фројд во 1910-тата година. Во позадината на сликата има кинески пејзаж, а дури и нејзиното лице делува како кинеско", тврди историчарот.

И покрај овие заклучоци, историчарот сепак смета дека единствен начин да се реши оваа мистерија е преку ДНК анализа на посмртните останки од неговите роднини во Фиренца.

Извор: Точка

 

 

Оцени ја веста

03.12.2014 - 14:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега