Хурем не е луда ниту ја ограбиле - еве зошто го напуштила симањето на Сулејман

Според првичните информации, Хурем ја напушти популарната серија затоа што доживеала нервен слом, но изгледа вистината е таа дека актерката останала бремена од својот вереник Кан Атешо и поради одржувањето на својата бременост, таа не е во можност да ги издржи макотрпните снимања на серијата.

Серијата и понатаму поставува рекорди на гледаност во Турција, но продуцентите живеат во страв затоа што анкетата која што беше спроведена помеѓу граѓаните покажува дека поголемиот број од нив воопшто нема да продолжат да ја гледаат серијата доколку некој друг го толкува ликот на Хурем.

Потоа во јавноста се појавија и информациите дека серијата била продадена во арапските земји и дека продуцентите на Халит Ергенџ му дале 750,000 евра, додека пак Мерјем не добила ништо, па кога дознала за тоа, приредила и вистински скандал, барајќи и таа да добие пари, но, наместо посакуваниот висок хонорар, таа добила едно големо "не" од продукцијата.

Тимот на актери кои толкуваат улоги во серијата за големиот освојувач и се лути на поранешната колешка затоа што таа ги оставила на цедило. Мерјем моментално располага со богатство од 2,5 милиони долари кои што ги заработила од серијата и од бројните реклами.