ВИДЕО: Ѕвездата од Беверли Хилс стана стриптизер - се сеќавате ли на актеров?

Иан Зиринг кој се прослави со улогата Стив Сандерс во хит серијата „Беверли Хилс“ стана член на популарната група „Chippendales“ и заедно настапија во Лас Вегас. Тој во оваа улога се пронајде одлично и само пристигнуваат пофалби од сите страни.

Иан добил целосна поддршка од својата сопруга која сакала и таа им се придружи на најдобрите стриптизери на планетата.

- Чест ми е да настапувам со групата „Chippendales“. Тоа е одлична група со одлични момци - напишал Иан на својот Твитер профил

А за да не се разочараат обожавателките Иан се грижи секогаш да биде во топ форма

- Тренирам два пати дневно во теретана и се придржувам до правилна исхрана. Со тренирање смалив 12 килограми, сега без никаков страм можам да настапувам со останатите момци, а тие се навистина добро градени момци - изјавил Иан.

најчитано сега