Масовниот убиец Чарлс Менсон се жени со 26-годишна девојка

 

 

Масовниот убиец Чарлс Менсон планира да се ожени со 26-годишна жена која го напушти нејзиниот дом во средозападниот дел на САД и изминатите девет години се обидува да му помогне да излезе од затвор.

Идната невеста Афтон Илејн Бартон рече дека го сака човекот осуден за злогласените убиства на седум луѓе, меѓу кои и бремената актерка Шерон Тејт, сопругата на режисерот Роман Полански. Немаат одредено датум за венчавката, но назначен им е координатор кој ќе го организира склопувањето на бракот во затворот и двојката ќе има право да се венча до февруари или во спротивно ќе треба повторно да поднесе барање за дозвола за брак.
Дозволата за брак што ја имаше на увид "Асошиетед прес" е издадена од Кингс Каунти на 7 ноември за 80-годишниот Менсон и Бартон која живее во Коркоран, каде се наоѓа затворот, и води неколку веб-страници на кои се бори да докаже дека е невин. Бартон, чиј псевдоним е "Стар" (Ѕвезда), за "Асошиетед прес" изјави дека ќе се венча со Менсон следниот месец.
"Да знаете дека е точно", рече таа. "Ќе се случи. Го сакам", додаде таа.
"Со него сум. Сè и сешто правиме."
Меѓутоа, како затвореник на доживотна казна затвор без датум за условно пуштање, Менсон нема право на семејни посети, односно посета на брачен другар. На прашањето зошто би се венчала со оглед на таквата ситуација, Бартон рече дека е заинтересирана да работи на неговиот случај и дека кога ќе се омажи за него ќе добие пристап до информации што инаку не се достапни за луѓе надвор од семејството.
"Има некои работи што може да ги прават членовите на семејството", рече таа без да даде понатамошно објаснување.
Сестрата на Тејт, Дебра, која е портпаролка на семејствата на жртвите на Менсон, рече дека планираната венчавка е бесмислено смешна.

18.11.2014 - 15:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа