Хамонд : Можно е постигнување договор за иранската нуклеарна програма

 

 

 

Договорот меѓу официјален Техеран и шесте светски сили околу иранската нуклеарна програма може да биде постигнат до последниот рок на 24 ноември, изјави денеска шефот на британската дипломатија, Филип Хамонд.

Се предупреди дека за постигнување договор сепак е потребно властите во Техеран да покажат поголема флексибилност во преговорите.

 

- Верувам дека може да биде постигнат договор, истакна Хамонд по состанокот со американскиот државен секретар Џон Кери во Лондон.

 

- Ние, сепак, не сакаме да постигнеме лош договор. Овие преговори се исклучително тешки, а за да оствариме успех потребно е Иран да покаже повеќе флексибилност, нагласи британскиот министер за надворешни работи.

Високи официјални претставници на Иран и шесте светски сили - САД, Велика Британија, Франција, Германија, Русија и Кина,  ќе се срeтнат оваа недела во Виена на последната рунда преговори за иранската нуклеарна програма, со цел постигнување договор за прекин на санкциите на Западот кон Иран во замена за ограничување на нуклеарната програма на официјален Техеран.

18.11.2014 - 14:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа