Снимката од сириското дете што ја спасува сестрата е лажна

 

Видеото во кое момче од Сирија си ја спасува сестрата низ дожд од куршуми го обиколи светот по објавувањето на Јутјуб е лажна!

Норвешка филмска екипа признала дека го снимила со глумци и сириски бегалци што се наоѓаат на Малта. Ларс Клевберг, режисер од Осло, открил дека ги направил тие сцени врз основа на телевизиски снимки од судирите во Сирија и дека на тој начин сакал да привлече внимание кон големиот број деца што се наоѓаат во воената зона, oбјави „Дејли мејл“

– Снимавме на Малта во мај, и тоа на локации што биле користени за некои познати филмови како „Троја„ и „Гладијатор„. Момчето и девојчето што се на снимката всушност се професионални глумци од Малта. Гласовите што се слушаат во заднината се на сириски бегалци што сега се на Малта. Го направив филмот и се преправавме дека е снимка од вистински настан за луѓето да го споделат со другите и да почувствуваат дека има надеж - рекол Клевберг.

18.11.2014 - 12:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа