Сораја заврши во болница - еве што се случило

 

Српската старлета Сораја Вуќелиќ пред неколку дена го прослави својот 27. роденден и се ќе минеше добро ако утрото не завршеше на токсикологија. Имено, таа заедно со пријателите го прославуваше роденденот во еден познат српски клуб. 

- Таа за своите пријатели го фати централното сепаре во локалот, а кога забавата започна сите беа одлично расположени и весели. Набргу започнаа да пристигнуваат шишиња шампањ. Прво еден од пет литри во златен кафез, а потоа не им се знаеше број. Букети цвеќиња летаа од сите страни за ѕвездата на вечерта. Но, како вечерта минуваше Сораја и една нејзина пријателка претераа со алкохолот, па завршија на една приватна клиника за трезнење, изјави извор близок на старлетата. Сораја немаше јадено цел ден и сето време беше во движење поради организацијата на прославата, па затоа после одредена количина на алкохол почна да и се лоши. На клиниката доби две дози инфузија со витамини, додаде тој.

 

18.11.2014 - 09:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа