Гардијан: Библијата е најзначајна книга на човештвото

 

Резултатите од истражувањето кое го спроведе издавачката куќа Фолио Сосајети, а во кое учествувале 2.044 испитаници, покажала дека „Библијата“ и „Потеколото на видовите“ се најзначајните книги на човештвото.

 

Како што пренесува Гардијан, учесниците во истражувањето имале можност да одберат книги од листа со 30 наслови за да се одбере највлијателната книга во модерниот свет.

 

Ова се резултатите:

1. „Библијата“ (37%)

2. „Потекло на видовите“ (35%) – Чарлс Дарвин

3. „Кратка историја на времето“ (17%) – Стивен Хокинг

4. „Теорија за релативноста“ (15%) - Алберт Ајнштајн

5. „1984“ (14%) – Џорџ Орвел

6. „Математички принципи на природната филозофија“ (12%) – Исак Њутон

7. „Да се убие птицата подбивница“ (10%) – Харпер Ли

8. „Куранот“ (9%)

9. „Иследување на природата и причините за богатството на народите“ (7%) – Адам Смит

 

10. „Двојната спирала: За откритието на ДНК структурата“ (6%) – Џејмс Вотсон.

14.11.2014 - 11:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега