ФОТО: Во Холандија изградена прва патека од соларни панели во светот

 

Во едно предградие на Амстердам во употреба е пуштена првата патека во светот, која е изработена од соларни панели, објави „Лајв Сајнс“.

Компанијата „Солароуд“ ја изгради 70 метри долгата велосипедска патека од панели од бетон и стакло, кои ќе имаат задача да ја апсорбираат сончевата енергија.   

Панелите се бетонски плочи со вграден кристален слилициум, материјал кој се содржи и во конвенционалните соларни колектори. Бетонските плочи со силициум се прекринеи со два слоја стакло, преку кои продираат сончевите зраци.

Енергијата добиена во панелите ќе се пренесува преку електрична мрежа и таа ќе биде доволна за снабдување со струја на две до три домаќинства во текот на цела година. 

Оваа патека ќе биде тестирана во следните три години, по што во зависнот од добиените резултати ќе се разгледува можноста за изградба и на други вакви патеки.

13.11.2014 - 20:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега