Македонски пратеници на работилница за улогата на законодавните служби во работата на Собранието во Словачка

Пратеници од македонското Собрание учествуваат на работилницата „Улогата на законодавните служби во работата на Собранието“ што се одрува во Часта-Папирничка, Словачката Република.

Работилницата е во организација на Националниот демократски институт за меѓународни односи (НДИ) и Националниот совет на Словачката Република, а ќе учествуваат претседателот на Законодавно-правната комисија Светлана Јакимовска и Рамиз Мерко, член на Комисијата.

Собраниската прес-служба соопшти дека проектот финансиски е поддржан од Националната фондација за демократија (НЕД) и е посветен на развивањето на добри законски практики преку регионална парламентарна соработка и размена со парламентите на земјите-членки на Европската унија.

На работилницата ќе учествуваат претседатели на законодавни и уставни комисии, членови и советници на комисиите, како и парламентарни правни
експерти од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија со цел да се споделат искуствата од Чешка, Словачка и Полска со нивните законодавни служби, нивното функционирање и поддршка.

Учесниците, како што е наведено во соопштението, ќе дискутираат за конкретни предлози за подобрување на квалитетот на законодавството со зајакнување на парламентарните законодавни услуги, како нивните оддели за правни услуги, кои им помагаат на пратениците и комисиите во текот на секоја фаза на законодавниот процес во изготвувањето амандмани, обезбедување правни мислења за закони, учествуво на седниците на комисиите со цел да се разјаснат прашањата и да се обезбедат консултации како и прегледи на нацрт-закони за придржување кон домашните и законите на ЕУ.

06.11.2014 - 10:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа