Надзорниот одбор на СДСМ ги поништи одлуките кои ги аминуваше Заев

Надзорниот одбор на СДСМ ги поништи фалсификуваните одлуки на општинскиот огранок на СДСМ во Гази Баба, дознава Press24 од партиски извори. Според нашите информации, членовите на Надзорниот одбор решиле дека во при изборот на 7мина членови за во Извршниот одбор на СДСМ во општинската во Гази Баба е прекршен партискиот Статут.
Press24 минатата недела ексклузивно ги објави документите кои потврдуваат дека во партиските органи на СДСМ се врши груб фалсификат. Интересно е што на седницата на општинскиот во Гази Баба, делегатите пред очите на Заев и Генералниот секретар Оливер Спасовски допишувале и бришеле имиња на списокот за присутни со цел да обезбедат кворум и да ги избиреат седумината членови на Извршниот.
Високи функционери во СДСМ за Press24 велат дека и Заев и Спасовски не превземале ништо и практично го аминувале фалсификатот, но откако скандалот изби во јавноста, Надзорниот одбор немал друго решение освен поништување на одлуката и враќање на изборот на почеток. Тие коментираат дека Заев катастрофално ја води партијата и си дозволува пред членството да учествува во груби внатрепартиски фалсификати, додека пред јавноста и во медиумите вели дека се бори за техничка Влада која нема да дозволи да се фалсификуваат изборите на централно ниво.
Од Бихаќка официјално за овој скандал се уште нема никаков коментар. 

22.10.2014 - 12:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега