Сексапилната Тања Савиќ ќе се слика за Плејбој?

Познатата фолк пејачка Тања Савиќ, на која периодов главна занимација и е учеството во втората сезона на шоуто „Твоето лице звучи познато“, открила дека не би имала ништо против да се разголи за Плејбој.

-Би се согласила да се фотографирам, се додека не се гледаат премногу интимните делови од телото. Некогаш ми годи провокативно да се облекувам, но тогаш не сум опуштена, како што сум на пример во фармерки. Да ме прашувате мене, секогаш би носела панталони или некој топ, иако во последно време сакам деколте или мини здолниште“, открива пејачката.

 

 

17.10.2014 - 17:15


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега