Проект за надминување на дигиталниот јаз во земјите од ЈИЕ

Денеска, YES бизнис инкубаторот ќе го промовира проектот SIVA, чија цел е надминување на дигиталниот јаз во земјите од Југоисточна Европа преку креирање иновативни алатки за одлучување и решенија што ќе го зголемат пристапот до широкопојасните услуги. 

Ќе бидат претставени очекуваните резултати од проектот, законската рамка за обезбедување широкопојасни услуги, предизвиците на пазарот, моментната понуда на широкопојасни услуги и нивните цени и напредокот на стратегиите за подобрување на пристапот до широкопојасна мрежа на регионално и национално ниво. 

Најавени се обраќања на претставници од Министерството за информатичко општество и администрација, Агенцијата за електронски комуникации, телекомуникациски оператори и невладини организации.

најчитано сега