Од 1 јули се ограничува пловидбата на скутери и чамци по македонските езера

 

Од наредниот месец се ограничува пловидбата на чамци и скутери на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро.

Целта на ова ограничување за скутери и чамци по македоснките езера е заштита на природната средина, подобрување на безбедноста во пловидбата, како и безбедноста на капачите во периодот на летната туристичка сезона, како и оневозможување на рибокрадството кое е честа појава.

Според одлуката на Владата на Република Македонија, ограничувањето на пловидбата за скутерите се однесува за  периодот од 1 јули до 31 август во времетраење од 11 до 19 часот секој ден. Ограничување на пловидбата со чамци е за периодот од 1 јули до 31 август во времетраење од 21 до 5 часот секој ден, од 1 септември до 31 октомври во времетраење од 19 часот до 6 часот секој ден, од 1 ноември до 31 март во времетраење од 17 часот до 6 часот секој ден и од 1 април до 30  јуни во времетраење од 19 до 6 часот секој ден.

Министерството за транспорт и врски апелира до сите граѓани да ја почитуваат одлуката.

- Одлука за ограничување на пловидбата за пловни објекти - скутери, беше донесувана и за претходните години, почнувајќи од 2009 година и искуството и покажува дека ваквото ограничување е оправдано во поглед на остварувањето безбедност во пловидбата со што и бројот на пловидбените незгоди е значително намален, велат од Министерството за транспорт и врски.

најчитано сега