Помпезна парада за одбележување на пензионирањето на генералот Прајут

Со помпезна парада во Бангкок денеска се одбележа пензионирањето на генералот Прајут Кан-ока, кој беше на чело на воениот удар на Тајланд во мај годинава.

Иако на 60-годишна возраст генералот Прајут формално мора да се повлече од воената служба, тој останува на чело на преодната влада на Тајланд и како премиер до октомври идната година треба да овозможи одржување на општи избори и враќање на цивилната управа во богатото кралство во кое во последниве две години судирите меѓу власта и опозицијата предизвикаа и влошување на економската состојба.

Без сомнение, управувањето на Тајланд генералот Прајут ќе го остварува со силна поддршка на армијата.

Армискиот кадар го сочинува најголемиот дел од 300 членото преодно Собрание, Најверојатниот наследник на генералот Прајут, генералот Ситабутр е формалем водач на воениот клуб „Источни тигри“’, конзервативна ројалистичка асоцијација, најмногу позната по отореното непријателство кон последната премиерка на Тајланд Јинглук Шинаватра.

29.09.2014 - 12:52

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега