Денеска најстуден ден оваа есен - еве какво време не очекува за викендот

 

Во Македонија во петок ќе биде облачно со врнежи од дожд, ветровито и посвежо со пад на температурите. Во доцните попладневни часови врнежите ќе престануваат. Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина до 30 км/ч.  Максималните дневни температури ќе се движат од 14°C до 21°C.

Во Скопје во петок ќе биде облачно со врнежи од дожд, ветровито и посвежо. Ќе дува засилен северозападен ветер. Максималната дневна температура ќе достигне до 19°C.

Во сабота ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 8°C до 15°C, а максималните дневни ќе достигнат до 15°C односно до 22°C.

Претежно сончево со локална облачност и ветровито ќе биде во недела. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури 4°C до 11°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 18°C до 25°C.

 

 

26.09.2014 - 11:56


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега