12 години од загинувањето на припадниците на АРМ кај Гајре

Со солзи во очите семејствата на загинатите бранители во конфликтот во 2001 година денеска уште еднаш се потсетија на трагичниот настан кај Гајре, пренесе Канал 5.

Во 2001 година на ова место загинаа тројцата припадници на АРМ, Влатко Миленковски, Благојче Силјанов и Пеце Матически, сите од Битола.

- ,И по 12 години фамилиите, синовите, родителите...никој не може да се соочи со оваа болка. Никогаш нема да престани болката. Тие загинаа за Македонија“ -вели Анабела Силјанова, сопруга на загинатиот бранител Благојче Силјанов, пренесе Канал 5.

Инаку, во чест на загинатите припадници на АРМ, традиционално секоја година се одржува и фудбалски турнир.

Денеска беше положено и цвеќе во битолската касарна.

ФОТО: Канал 5

најчитано сега