Куршум поминал низ автобус полн со патници

Проектил од огнено оружје вчеравечер поминал низ стаклото од задната врата на автобус и излегол од спротивната страна, велат од српското МВР.

Инцидентот се случил во автобус со број 68 во Нов Белград. За среќа нема повредени патници.

Полицијата работи на расчистување на случајот.

05.09.2014 - 10:35
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега