Опозицијата во Албанија го бојкотира Парламентот

Главната опозициска сила во Албанија, Демократската партија го бојкотира Парламентот како знак на незадоволство дека коалицијата, предводена од социјалистите не обрнува внимание на нејзините предлози.

Лидерот на демократите Љуљзим Баша вчера ја објави одлуката за бојкот, кога Парламентот ја почна работата по летните одмори, нагласувајќи дека неговата партија „не била заштитена, туку напаѓана“. 

Засега не е познато колку ќе трае бојкотот. Се очекува овој чекор да има мало влијание на законодавното тело, со оглед на тоа дека владејачката коалиција, избрана во јуни 2013 година има силно мнозинство од 84 гласа во 140-члениот Парламент. 

Баша истакна дека неговата партија ќе ги оспори пред Уставниот суд сите закони, усвоени од Парламентот во нејзино отсуство.

02.09.2014 - 10:13
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега