Пронајден контејнер полн со имигранти - 1 починал, 17 сериозно болни

Повеќе од 30 илегални имигранти се пронајдени во товарен контејнер во британското пристаниште Тулбури. 19 од нив се веднаш пренесени во болница поради сериозни здравствени проблеми, а едно лице починало.

Имигрантите стигнале со брод од белгиска компанија утринава околу 7 часот, по што е повикана полицијата на округот Есекс.

Портпаролот на полицијата потврди дека се пронајдени 31 лице меѓу кои имало и деца, јавува СкајЊуз.

Сеуште не е познато од каде тргнале имигрантите.

 

16.08.2014 - 13:37
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа